Утро со мраз и температури од -13 до 1 во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/22 8:18 AM

Утро со мраз и температури од -13 до 1 во Скопје

Замрзнати автомобили, лизгави патишта не’ дочека ова утро, со минуснин температури од -13 Попова Шапка, -11 Берово, -7 Маврови Анови, Kрушево, -5 Претор, -4 Крива Паланка, Битола, Штип, -3 Охрид, Струмица, Виница, -2 Прилеп, Тетово, Демир Капија, -1 Скопје Петровец, Куманово, 0 Гевгелија, Дојран, Дебар, 1 Скопје Зајчев Рид.

Снежна покривка е со висина од 63 сантиметри на Попова Шапка, 44 Крушево, 43 Маврови Анови, 27 Ѓуриште, 22 Битола, 17 Пожаране, 15 Берово, 14 Претор, 1 Прилеп.

Според УХМР, во изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2) наврнат талог:

13 Крушево, 11 Дојран, 10 Битола, 9 Гевгелија, 8 Маврови Анови, 7 Претор, 6 Д.Капија, 4 Струмица, 2 Штип, Берово, 1 Скопје Петровец, Прилеп, Тетово, Виница.

Времето во текот на ноќта и изутрината е претежно облачно и студено, во југозападните подрачја со повремен снег. Во раните утрински часови облачноста се намали и времето утрово е променливо облачно. На места дува слаб до умерен ветер од северен правец.

За денеска е најавено променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.