На Твитер се појави фотографија од српскиот актер Ненад Окановиќ, кој е претставен како украински војник.
Neverovatno! Nenada Okanovića zamenili sa ukrajinskim vojnikom pic.twitter.com/WfB5oAAXP9
— Malagaravaa (@vaskekopirinac) March 1, 2022
Поединците кои стојат зад овој профил наводно се Украинци, а актерот бил претставен како војник кој загинал за време на рускиот напад.
„Се работи за војник од Украина кој го урна мостот во Харков и загина како херој. Се вика Олески Степаненко Оканович“, се вели во објавата.
Порталот 24 седам стапи во контакт со актерот Окановиќ, кој накратко го коментираше она што се случи денеска.
Не знам што да ви кажам. Го видов тоа. Од утрово ми стасаа 1000 пораки. Навистина е страшно. Во секој случај е без врска. Страшно е тоа што прават социјалните мрежи. Не дека не сакам да коментирам за настаните и дека не сакам да се мешам, веќе сум вмешан, ниту крив ниту должен“, заклучил актерот.
Извор: b92.net
Фото: Фејсбук