Нови 476 случаи со Ковид-19, девет починати и 524 оздравени пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/22 7:44 PM

Нови 476 случаи со Ковид-19, девет починати и 524 оздравени пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19, девет починати и 524 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 476 случаи од Скопје се 270, Прилеп – 25, Куманово – 24, Битола – 21, Кавадарци и Кичево – по 18, Гевгелија – 16, Велес – 13, Тетово – 12, Гостивар – 9, Неготино – 8, Охрид – 7, Струга и Крива Паланка – по 5, Кочан – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Струмица, Берово ,Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Ресен , Дебар, Пробиштип , Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (476), регистрирани се 68 реинфекции.

Од 524 оздравени пациенти од Скопје се 318, Кавадарци – 28, Велес – 23, Куманово и Струмица – по 22, Тетово – 18, Охрид – 13, Гостивар и Гевгелија – по 11, Неготино, Радовиш и Дебар – по 7, Штип и Струга – по 6, Свети Николе и Валандово – по 4, Демир Капија – 3, Кочани, Крива Паланка , Пробиштип и Богданци – по 2, Прилеп, Делчево, Берово, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1.

Од деветте починати лица три се од Скопје (62г, 64г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (78г), Радовиш (71г), Кочани (82г), Битола (73г), Кавадарци (47г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин”, дополнително се пријавени осум починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1),Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 63г. до 89г. Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 27.02.2022. Од пријавените лица три лица се починати во домашни услови, а пет лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.893.409 тестирања на КОВИД-19.Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 297.738, бројот на оздравени пациенти е 285.280, на починати е 9.027 а на активни случаи изнесува 3.431.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 138652, Активни 1840
Куманово 16158, Активни 153
Битола 14288, Активни 211
Прилеп 13577, Активни 173
Тетово 13372, Активни 87
Кавадарци 10142, Активни 130
Велес 9439, Активни 147
Гостивар 9370, Активни 51
Охрид 8520, Активни 79
Струмица 7912, Активни 49
Штип 7892, Активни 44
Кичево 5427, Активни 92
Кочани 4956, Активни 22
Струга 4627, Активни 42
Гевгелија 4243, Активни 65
Неготино 3627, Активни 38
Свети Николе 2600, Активни 13
Ресен 2588, Активни 33
Радовиш 2470, Активни 20
Крива Паланка 2366, Активни 29
Делчево 1896, Активни 13
Берово 1712, Активни 6
Дебар 1626, Активни 20
Валандово 1464, Активни 4
Виница 1362, Активни 1
Пробиштип 1251, Активни 4
Богданци 1002, Активни 18
Кратово 926, Активни 8
Крушево 892, Активни 9
Демир Хисар 825, Активни 10
Македонски Брод 696, Активни 7
Демир Капија 564, Активни 9
Македонска Каменица 521, Активни 3
Пехчево 454, Активни 1
Дојран 321, Активни 0.