Македонците и Албанците да гласаат за една опција, а тоа е влез во Европска Унија и НАТО, односно подршка на референдумот закажан за 30 септември порача лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа од Тетово, од каде неговата партија го започна караванот за референдумското прашање.
- Нашите сограѓани Македонци се плашат дека можат да го загубат идентитетот, ако гласаат за референдумот, но напроптив ако помине Договорот, нивниот идентитет и јазик ќе биде зацврстен со влезот на Македонија во НАТО и ЕУ. Ако случајно останеме надвор од НАТО и ЕУ, државата може и да не постои, рече Ахмети.
Пред присутните се обрати и вицепремиерот за евроинтергации Бујар Османи.
- Треба да им покажеме на сите дека ние Албанците сме највеќе за НАТО и ЕУ, а тоа ќе го докажеме со гласањето на референдумот. И да кажеме стоп на Русија, нема тука што да бара, рече Османи
Претседателот на Собранието, Талат Џафери пред насобраните симпатизери на ДУИ рече дека целата кампњања ќе биде правична, транспарентна без дискриминација, каде секој да си може да си го каже тоа што го мисли.
На митингот се обрати и потпретседателката на ДУИ Теута Арифи, но и шефот на изборниот штаб на партија, Атила Реџепи.