Македонските манекенки Мија Стерјовска и Ана Брзанова постигнаа голем успех на синоќешниот избор на најубава Европејка за 2022 година одржан во хотелот „Хилтон” во Бејрут.
Мија ја освои титулата Втора придружничка во конкуренција на 30 девојки од Европа, додека Ана стана „Miss friendship”.
За 17-годишната Стерјовска, манекенка од модното студио „Црнокрак” ова беше дебитантски настап на едно меѓународно натпреварување за убавина.
Победи претставничката на Србија, а титулата Прва придружничка ја освои девојката од Шпанија. Финалистките од цела Европа 15 дена претстојува во Бејрут, каде се подготвуваа за големото финале. И Мија и Ана се членки на Модното студио Црнокрак кое ја поседува лиценцата за овој најпрестижен Европски избор за убавина.
Ана Брзанова од Гевгелија пред два месеца за ММС си ја отвори душата и раскажа како го победила ракот и стаса до финалето на светскиот избор за убавина. Приказната можете да ја прочитате тука

фото: МИА
фото: Модно студио Црнокрак


