Актерот Стивен Сигал и рускиот претседател Владимир Путин со години се многу добри пријатели и многупати покажаа меѓусебна почит.
Актерот сега ја коментираше руската инвазија на Украина и испрати барање до двете земји да постигнат мирно решение.
– Многумина од нас имаат пријатели и семејство во Русија и Украина. На двете страни гледам како на едно семејство и навистина верувам дека ова е надворешен ентитет кој троши многу пари на пропаганда и провокација на овие две земји да бидат меѓусебни конфликти – изјави актерот за Фокс њуз, додавајќи:
– Се молам двете земји да постигнат позитивно и мирно решение со кое ќе можеме да живееме и да напредуваме заедно, во мир – заклучи Сигал.
Сигал и Путин се многу блиски пријатели, а своето големо пријателство го докажале многу пати. Сигал смета дека Путин е еден од најголемите светски лидери, додека Владимир Путин решил да му даде руски пасош, а руското Министерство за надворешни работи на Сигал му ја додели титулата специјален пратеник за хуманитарни односи со САД во 2018 година.
Извор: Index.hr
Фото: Принтскрин Јутјуб


