Превласт на Албанци и Власи во Судскиот совет – ММС
ММС

Објавено на: 09/11/18 7:58 AM

Превласт на Албанци и Власи во Судскиот совет

Со свечената изјава во Собранието на РМ, судијата на Основниот суд Штип, Сашко Ѓеоргиев станува нов член на Судскот совет. Ѓеоргиев е со десетгодишно искуство како судија, доаѓа на местото на досегашинот член Бекир Шаини, кој замина во пензија.

Интересна битка се водела за местото на Шаини. Ѓеоргиев како Влав, успеал да ги ги победи во гласањето тројцата кандидати Албанци. Со тоа, бројот на Власи во судското тело, кое им „пресудува“ на судиите, се изедначи со бројот на Албанци, што било целосно изненадување. Дело на тнр. влашко лоби или преовладувале квалитетите и контактите на Ѓеоргиев?

Судијата Сашко Ѓеоргиев освен десетогдишно судско искуство, девет огдини работел и како адвокат. Како млад судија, во Основниот суд во Штип работеше предмети од кривична материја, а ја вршеше и функцијата портпарол. Негова кума е долгогодишната судика Рушка Папарова, некогашна членка на Судскиот совет во првиот состав во 2006 година, која ги помина сите скалила во судството и долго време важеше за неофицијален кадровик.

Со денешната свечена изјава, судијата Ѓеоргиев станува вториот член на Судскиот совет, кој доаѓа од штипското Аплелациско подрачје. Оваа година истекува мандатот на Мирјанка Гоцевска Стефановска.