ВМРО-ДПМНЕ ќе даде конкретен предлог за заштита на стандардот на граѓаните и директна помош на економијата. Со предлог закон ќе побара намалување на акцизите за горивата за моторни возила за 50%. Оттаму сметаат дека оваа мерка ќе влијае директно на намалување на цената на горивата, бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а дизелот за 9,5 денари.
“Ова не значи само заштеда на семејствата, ова е заштеда и во транспортот во стопанството и тоа може да ги поевтини цените на конечните производи.
Ова е значајна помош за граѓаните и стопанството. Секој денар кој ќе го заштедат фирмите и граѓаните во вакви тешки времиња и тоа како значат за да можат да го преживеат месецот. Очекуваме владата на СДСМ и ДУИ да го прифатат овој предлог во пресрет на кризата која доаѓа“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.