(Вознемирувачко видео) „Господи, срцето ни се крши“, Украинци плачат додека снимаат гранатирање на Харков – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/22 6:50 PM

(Вознемирувачко видео) „Господи, срцето ни се крши“, Украинци плачат додека снимаат гранатирање на Харков

Десетици луѓе загинаа, а стотици се ранети во ракетните напади на руските сили врз украинскиот град Харков во понеделникот наутро, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

На социјалните мрежи, пак, се шири видео од овој град во кое луѓето додека го снимаат го гледаат бомбардирањето и плачат.

-Невозможно е да поверувате доколку не го видите… Срцето ни се крши.. Нашиот сакан Харков. Господи, стои во описот на видеото.

Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Антон Херашченко во објава на Фејсбук рече:

„Харков штотуку беше масовно погоден (со ракети). Десетици мртви и стотици ранети. Овој ужас треба да го види целиот свет!“

Оваа информација не е потврдена, ниту пак реагирала руската страна.

Фото: Принтскрин видео