За два месеци фатени 430 возачи без дозвола во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/22 4:54 PM

За два месеци фатени 430 возачи без дозвола во Тетово

Во првите два месеци од оваа година, јануари и февруари, заклучно со денеска (28 февруари), на подрачјето на СВР Тетово вкупно откриени и со соодветни поднесоци санкционирани се 430 поединци (ТЕ-332 и ГВ-98), односно возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола.

Претежно станува збор за возачи на возраст од 17 до 40 години, кои без возачки дозволи управувале сопствени или возила на други лица, најчесто од нивни најблиски или роднини, инфрмираат од МВР.

Сите веднаш биле исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци, така што ќе се соочат со предвидените парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, изнесуваат 250 евра во денарска противвредност, а парични глоби во тој износ ги очекуваат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека немаат положено возачки испит.