„Четири дена сме во автомобилот со децата без храна“ – Пејачката Јамала го сподели ужасот во Украина – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/22 3:30 PM

„Четири дена сме во автомобилот со децата без храна“ – Пејачката Јамала го сподели ужасот во Украина

Евбровизиската победничка Јамала по почнување на војната избега од својот роден град, Киев. Таа заедно со децата со автомобилот четири дена патувала, без храна.

Сето тоа го сподели на Инстаграм,објаснувајќи ја состојбата во нејзината земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamala (@jamalajaaa)


-Сакам да се разбудам и да слушнам дека сето тоа е само филм.  Пет дена од моментот кога напаѓачите од Русија ја нападнаа Украина! На 24 ноќе тргнавме од Киев со децата, поминавме скоро четири дена во кола, без храна, која никој не ни помисли да ја земе во состојба на шок. Два километри поминавме за 4 часа, напиша таа и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamala (@jamalajaaa)


“Милиони жени и деца, оставајќи сè, своите станови, работи … да, сè! Оставајќи ги своите сопрузи да ја бранат државата, трчаат да ги спасат своите деца од гранати. Украина е огромна, убава и толку впечатливо независна! Да, мислам дека ова е клучот. Толку жртви, ранети, меѓу нив и мали деца. Жените во визби под бомби во текот на овие денови родиле шест деца. Вакви „мали украински националисти“. И што е најважно, не го разбирам овој крвав терор!!! Ме избркавте од Киев, од мојот стан. Па што? Ќе живееш ли таму? Само влезете и кажете: „Тоа е тоа, светот е спасен“. нашиша межу другото таа на својот профил на Инстаграм.