(Видео) Прави дупка во мразот на езерото и плива три пати на ден-необично хоби на Елина од Финска – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/22 2:57 PM

(Видео) Прави дупка во мразот на езерото и плива три пати на ден-необично хоби на Елина од Финска

Елина Макинен, 28-годишната даночна советничка од Лапонија, во последните 10 години ужива во секојдневното капење во ледените води. Ова необичното хоби го претворила во TickTock сензација, па собрала повеќе од 1,4 милиони следбеници. Таа плива два пати на ден во замрзнато езеро.

-Ми беше здодевно само да стојам во вода и да чекам да помине време, па помислив дека ќе биде забавно да снимам – изјави Макинен за Инсајдер.
Некои од нејзините попопуларни видеа покажуваат како таа користи секири или дупчалки за да го исече мразот пред да нурне во вода.
-Многу луѓе во Финска имаат секири за такви работи, објасни таа.- Има и клубови за капење во мраз, но многу од нив се затворени поради ковидот, па луѓето сами прават дупки во мразот и пливаат каде што сакаат.

Иако на странците може да им се чини необично пливањето во мраз, тоа всушност е вообичаено во нејзината татковина.
Многу луѓе на TikTok коментираат и поставуваат прашања како: „Дали нема да добиете хипотермија?“ или „Како го поднесуваш студот?”
– За нив ова е лудост, но за Финците е сосема нормално – вели таа.
Кога имала само пет години, Макинен за прв пат се капела во мраз со семејството.
– Моето семејство сака да плива во мраз; тоа е активност која не поврзува. Никогаш не се разболувам во текот на зимата – рече таа. Додава дека ова хоби порано било попопуларно кај постарите Финци, но во последните години станало тренд и кај помладите.
„Сфатете го тоа како наша верзија на јога или медитација“, вели таа и го нагласува и користи ова необично хоби за здравје: – Пливањето наутро ја поттикнува циркулацијата и ми дава енергија, додека вечерното пливање ми помага да се ослободам од стресот. После тоа секогаш спијам добро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elina Mäkinen (@elinamae)


Макинен обично поминува помеѓу 30 секунди и шест минути во вода.
Повремено плива и до 12 минути: – Пливам пократко кога е премногу студено. Кога температурите паѓаат под -25 Целзиусови степени, морам да внимавам да не добијам смрзнатини.
Колку и да ги промовираше придобивките од капењето на мраз, Макинен предупредува дека оваа активност не е за секого. Пливањето во ладна вода може да биде опасно и таа смета дека „дефинитивно треба да се познавате себеси и своето тело: – Во ред е малку да тресам. Другите сакаат да се потат кога вежбаат. Мене ми се допаѓа да се тресам.

извор и фото: srbijadanas.com