Горивата поскапуваат за денар и половина, одлучи РКЕ – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/22 1:16 PM

Горивата поскапуваат за денар и половина, одлучи РКЕ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажната цена на горивата од утре се зголемува за денар и половина. Според Одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) се зголемуваат за 1,50 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 75,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 денар/литар, во однос на цената од 21.02.2022 година. Со тоа малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 74,50 ден/лит.

Мазутот М-1 НС поскапува за 1,249 денари за килограм, во однос на малопродажната цена утврдена од 21.02.2022 година и со тоа цената во малопродажба на Мазутот М-1 НС од утре ќе изнесува 48,170 денари за килограм.