Денеска може да спиете надвор, 28 февруари е Светскиот ден на спиење – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/22 11:56 AM

Денеска може да спиете надвор, 28 февруари е Светскиот ден на спиење

Денеска опуштете се и одморете се, па дури и на клупа во градски парк. Светскиот ден на спиењето е ден кој се здоби со популарност во Америка поради тоа што на на овој ден голем број студенти ги напуштија своите домови со ќебиња и заминаа да спијат на отворено.
На многу луѓе им недостига сон во текот на ноќта, па ако ви треба малку одмор, дури и додека сте во јавност, денеска тоа е во ред. Сепак, денес е Светскиот ден на спиење во јавност. Ако шетате низ градот и малку „поспивате“, не очајувајте. Изберете ја најблиската клупа или некоја убава плажа и спијте малку. Можеби можете и да ‘рчите.
Сите се поканети на овој чин, па подгответе се за тој магичен момент на спиење во јавност.
Ако издвоите неколку мига и размислите за моментите кога сте заспале во јавност, ќе сфатите дека тоа воопшто и не е ретка појава, клучот е всушност во подготовката. Ако сакате да спиете на јавно место, ќе ви послужи вреќа за спиење. А, доколку ви е сè уште малку непријатно да спиете надвор,  секогаш можете да си ставите очила за сонце, капа или весник, за да направите вашиот сон да остане незабележан.

извор: 24sata.hr