Русија загубила 5.300 војници, по 29 авиони и хеликоптери и 191 тенк, тврди украинската влада – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/22 11:30 AM

Русија загубила 5.300 војници, по 29 авиони и хеликоптери и 191 тенк, тврди украинската влада

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, проценетите загуби на агресорот се 5.300 војници, напиша  на Фејсбук украинската заменичка министерка за одбрана Хана Малиер.

Според неа, вкупните проценети загуби на непријателот од 24 февруари до 28 февруари заклучно со 06:00 часот се: авиони – 29, хеликоптери – 29, тенкови – 191, оклопни борбени возила – 816, пушки – 74, системи за воздушна одбрана Бук – 1, ракетни системи за повеќекратно лансирање Град – 21, возила – 291, тенкови – 60, беспилотни летала – 3, бродови/чамци – 2, средства за противвоздушна одбрана – 5, персонал – околу 5.300.

Малиар рече дека информациите се приближни и може да се прецизираат дополнително, бидејќи е исклучително тешко да се добијат прецизни бројки по битките со оглед на тоа што командантите се фокусираат првенствено на борбите.

Покрај тоа, според неа, информации може да се добијат дури по битки, а битките можат да бидат исклучително долги. Податоците може да се добијат следниот ден, а понекогаш и во еден ден.

Украинската агенција Укринформ претходно јави дека Министерството за одбрана на Украина бара од Украинците колку што е можно повеќе да се спротивстават на обидите на руските напаѓачи да ги надополнат залихите на гориво, муниција и храна.

Украинската делегација пристигна покрај украинско-белоруската граница, каде треба да се одржат преговори со претставници на Руската Федерација.

Според Укринформ, ова било објавено на Телеграм од кабинетот на украинскиот претседател.

Делегацијата е составена од шефот на фракцијата Слуга на народот – Давид Аракамија,  украинскиот министер за одбрана Алексиј Резников, советникот на шефот на кабинетот на претседателот Михајло Подолијак, првиот заменик шеф на украинската делегација во Трилатералната контакт група – Андриј Костин, пратеникот Рустем Умеров, како и заменик министерот за надворешни работи Микола Точицки.

Според кабинетот на претседателот, клучното прашање на разговорите би било итен прекин на огнот, како и повлекување на војниците од Украина.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски соопшти во текот на вчерашниот ден, дека разговарал со Александар Лукашенко. По разговорот, „паднал” договор за состанок на украинска делегација со руска, без предуслови, на украинско-белоруската граница, близу реката Припјат.

Лукашенко презел одговорност за обезбедување „сите авиони, хеликоптери и проектили, стационирани на белоруска територија, да останат на земја за време на патувањето, разговорот и на враќањето на украинската делегација”.

Во меѓувреме, руската војска денеска најави „отворен и безбеден” коридор за украинските цивили да го напуштат главниот град Киев, јави Би-Би-Си.

„Апелираме до жителите на Киев. Сите цивили во градот можат слободно да го напуштат главниот град на Украина по автопатот Киев-Василков, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

„Уште еднаш, сакам да нагласам дека вооружените сили на Руската Федерација напаѓаат само воени цели, цивилното население не е во опасност”, тврди руската војска. Но, според украинското Министерство за внатрешни работи најмалку 352 цивили во Украина се убиени од почетокот на инвазијата, меѓу кои 14 деца. Украинските власти ги обвинија руските сили дека гаѓаат цивилна инфраструктура, вклучително и станбени згради и училишта.

Во соопштението од портпаролот на руската војска Игор Конашенков, исто така, содржи неосновано тврдење дека украинската влада ги користи жителите на Киев како „човечки штит”, повторувајќи го тврдењето дека украинските „националисти” распоредиле артилерија во станбени области на главниот град, пренесува Би-Би-Си.

МИА