Отсекогаш сте сакале кармин, но знаете дека оние што ги купувате често содржат штетни состојки и токсини. Кога ќе се земе предвид дека дел од карминот го „јадете“ и голтате, алармот уште погласно ѕвони…
Можете и сами да си направите ефикасен кармин, од само неколку природни состојки и да ја постигнете бојата по ваш избор. Освен што неговото производство не бара многу труд, ќе се забавувате откривајќи ја нијансата која најмногу ви одговара.
За домашен кармин ви се потребни: три четвртини лажички кокосово масло, лажичка пчелин восок во зрнца, една лажичка сиров ши путер, четвртина лажичка рицинусово масло ,капка масло од лаванда и четвртина лажичка од некои состојки кои ќе му дадат боја на карминот: какао, цимет, репка во прав, куркума, бентонит глина, активен јаглен.
Подготовка:
Во тегла растопете го кокосовото масло, восокот и ши путерот, додадете лаванда и рицинусово масло и комбинација од обоени состојки по желба. Префрлете го карминот во соодветен сад и чувајте го на суво и ладно место, а може и во фрижидер. Нанесувајте го со четка.
За да ја постигнете саканата нијанса на рози, треба да си поиграте со комбинација на состојки, како какао во прав, цимет, цвекло во прав и куркума.
За кафеави нијанси на кармин изберете какао во прав (за различни кафени тонови додадете малку цимет или куркума), за црвени или розови тонови изберете цвекло во прав.
Доколку сакате да постигнете уште потемни тонови, додадете четвртина лажичка активен јаглен, а доколку сакате вашиот природен кармин да биде мат (без сјај), тогаш додадете четвртина лажичка бентонит глина.
извор и фото: Informer.rs