(Видео) Бегаат на покрив за да се спасат – „Метеоролошка бомба“ ја зафати Австралија – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/22 9:05 AM

(Видео) Бегаат на покрив за да се спасат – „Метеоролошка бомба“ ја зафати Австралија

Десетици илјади луѓе беа евакуирани по обилните дождови што го погодија источниот брег на Австралија.
Некои градови се целосно под вода, а многу жители побарале засолниште на покривите на своите домови, соопштија локалните власти.
Премиерот Скот Морисон, кој невидените врнежи ги нарече „метеоролошка бомба“, рече дека армијата ќе биде распоредена во најпогодените области за да спроведе спасувачки операции.
Од четвртокот, кога започна невремето, загинаа девет лица, а спасувачките екипи започнаа потрага по уште четири лица чие исчезнување е пријавено.


Австралиската метеоролошка служба соопшти дека се уште постои опасност од нови поплави на северот на државата Нов Јужен Велс, бидејќи бурата се преселила на југ, од државата Квинсленд.