Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај порача дека забрзаното членство на Косово во НАТО е непосредна потреба за да се гарантира безбедноста и стабилноста во регионот, но и пошироко, бидејќи Европа и светот се соочуваат со сериозни безбедносни предизвици по тешката руска агресија врз Украина.
– Постои голема потреба демократските земји да направат одлучни чекори и да се соединат пред ваквиот предизвик. Косово покажа цврста посветеност за демкоратските вредности и мирот. Ги повикуваме земјите кои ја немаат признато независноста на Косово да го сторат тоа, наведе Мехај во објаватан а Твитер.
Kosovo 🇽🇰 accelerated membership to #NATO is an immediate need to guarantee security and stability in the region and beyond as Europe and the world is facing a serious security challenge after Russia’s severe aggression to Ukraine.
— Armend Mehaj (@armend_mehaj) February 27, 2022
Тој нагласува дека ова е време кога сите одговорни народи мора да дејствуваат заедно за зачувување на мирот.
– Уште еднаш го повторувам повикот САД да постават постојана воена база на Косово за да се зајакне мирот и стабилноста во регионот и пошироко, вели Мехај.
Како што пренесува „КоССев“, пак, Мехај од командантот на КФОР, генерал Ференц Кајари, побарал да се зголеми присуството на претставниците на оваа мисија на НАТО на северот на земјата.
извор:ртцг, Н1