Блек Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс ја поддржуваат Украина откако беше нападната од Русија, а парот апелира и за донации. Двајцата рекоа дека секој долар ќе го дуплираат, се додека не се соберат милион долари.
– Ве замолуваме со нас да донирате за украинските семејства, напиша Рејнолдс на Твитер додавајќи го линкот кој води до американската страна на агенцијата на ОН, УНХЦР, за помош на бегалците.
In 48 hours, countless Ukrainians were forced to flee their homes to neighboring countries. They need protection. When you donate, we’ll match it up to $1,000,000, creating double the support.⬇️ https://t.co/xCFL1Lptuw https://t.co/CHp48E1KLQ
— Ryan Reynolds (@VancityReynolds) February 26, 2022
На страницата може да се донира 60, 120, 240 и 1000 долари, но и друг произволен износ.
Актерите ги објавија овие линкови и на своите инстаграм профили, а фановите се воодушевени од нив.
„Секоја чест“, „Најдобри сте“, „Ако барем повеќе славни личности беа како вас“, „Ужасни работи се счучуваат ви благодариме што пишувате за тоа“ – се само дел од коментарите.