ЕУ ќе ја забрани работата на руските медиуми РТ и Спутник, најави Борел – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/22 8:58 PM

ЕУ ќе ја забрани работата на руските медиуми РТ и Спутник, најави Борел

Европската унија ќе ја забрани работата на руските медиуми РТ и Спутник, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.
Говорејќи на прес-конференција во Брисел, тој најави дека европскиот блок ќе ги забрани двата медиума во обид да се избори, како што наведе, „против руските дезинформации”, пренесе Си-Ен-Ен.
„Денеска преземаме клучен чекор за затворање на славината за руска манипулација со информации во Европа со забрана за емитување на програмите Раша тудеј и Спутник во Европската унија”, рече Борел.
Во исто време, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека руските државни медиумски компании РТ и Спутник, како и нивните подружници, повеќе нема да можат „да шират лаги за да ја оправдаат војната на Путин и да направат поделба во ЕУ”.