Русија првпат призна дека има жртви и повредени во војната во Украина – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/22 7:07 PM

Русија првпат призна дека има жртви и повредени во војната во Украина

Русија денеска за првпат од почетокот на војната во Украина, пред четири дена, призна дека има жртви во своите редови, јави ДПА.

-Руските војници покажуваат храброст и херојство во извршување на специјалната операција, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков, пренесе агенцијата ТАСС. „За жал, меѓу нашите соборци има загинати и повредени.

Конашенков не даде точни бројки, но нагласи дека загубите се многукратно помали од бројот на „истребени националисти” на украинската страна.

Украина денеска информира дека досега се убиени околу 4.300 руски војници. Меѓутоа, овие бројки не можат да се потврдат од независни извори.