(Вознемирувачко видео) Украинец со голи раце се обидува да го сопре рускиот тенк – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/22 9:41 AM

(Вознемирувачко видео) Украинец со голи раце се обидува да го сопре рускиот тенк

Тажни снимки доаѓаат од  украинскиот град Бакмач, каде Украинците стојат пред руските тенкови и со своите тела сакаат да ги спречат да влезат во нивниот град.
Овој пат не станува збор за лажна снимка, бидејќи Си-Ен-Ен ја потврди автентичноста на видеото, како и градот.

„Тие фрлаат велосипеди пред тенкови“, рече еден снимател.

Еден од жителите скокнал на тенкот, но падна пред тенкот и го туркаше со раце. Потоа со рацете со знак на молитва клекна.

Фото: Твитер