Заврши пролет во февруар – Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе патни правци – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/22 9:21 AM

Заврши пролет во февруар – Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе патни правци

Времето се расипа, а со тоа и сообраќајот на патишта се одвивa отежнато, по влажни коловози, а на повисоките места со остатоци на кашест снег.

Воведени се неколку забрани за сообраќај на тешки товарни возила по патиштата низ планинските предели.

АМСМ информира дека забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена утрово од 6:20 часот на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, поради обилни врнежи од сне. Од синоќа во 00:40 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Од 03:00 часот изутринава се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. Од 05:25 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри.

ММС