На теренот на „Гудисон“ во солзи излагоа играчот на Сити, Олександр Зинченко, односно Виталиј Миколенко од тимот на Евертон.
Фудбалерот на Манчестер Сити плачеше на теренот и не можеше да се соземе додека сите носеа украински знамиња на грб, а беше пуштена и порака за поддршка за луѓето кои минуваат низ многу, многу тешки моменти за време на руско-украинскиот конфликт.
Ukraine internationals Oleksandr Zinchenko and Vitaliy Mykolenko embrace before Everton vs Man City 🇺🇦 pic.twitter.com/v1QK9toxVL
— GOAL (@goal) February 26, 2022
Главна порака на сите играчи беше да нема војна „No war“.
Погледнете го видеото со тажните и потесни моменти на фудбалерите:
Heartbreaking to see Oleksandr Zinchenko in tears before kick-off as both teams show their support for Ukraine 💔 🇺🇦 pic.twitter.com/bZYNyziMSh
— Football Daily (@footballdaily) February 26, 2022
Овој потег на англиските клубови го воодушеви играчот на Аталанта и украинскиот репрезентативец Руслан Малиновски, кој на Твитер реагираше на соопштението на клубот од Олд Трафорд и од срце му се заблагодари.
Фото: Твитер