Музика, песна и журкање како на висатински концерт за големи, таква беше атмосферата денес во Скопје на концертот на детските ѕвездии од „Дајте музика“.
По две години, денес прв пат како да се вративме на старото нормално, кога сите до еден игравме и пеевме. Така деца и родители од цела Македонија денес се забавуваа на овој преубав настан.

Се редеа песна по песна, но на крајот сите ја чекаа најпопуларната „ Green forces“, која Кристина, Анастасија, Филип и Миха ја претставуваа Македонија на детскиот Евросонг.
Таа еуфорија и по новите детски миленици одамна немало. Концертот на „Дајте музика“ по ништо не се разликуваше од концерт на големите ѕвезди.
Фановите се појавуваа од сите страни со желба да се сликаат или да дојдат што поблиску до нивните миленици, па и покрај тоа што се деца, обезбедувањето едвај се справуваше.
Во таа турканиџца од родители и деца се загубија две дечиња, се испуштиле од рацете на родителите, па среде настап музичките ѕвезди на микрофон од бина ги повикуваа родителите да си ги земат изгубените деца.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски










