Путин нареди прекин, но потегот на Зеленски го изнервира и се предомисли, рече Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/22 2:39 PM

Путин нареди прекин, но потегот на Зеленски го изнервира и се предомисли, рече Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ

На третиот ден од конфликтот во Украина како бомба одекна веста дека Путин наредил прекин на специјалните операции на руските војници.

Сепак, тој набрзо ја повлекол таа одлука.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одлуката за продолжување на специјалните операции била донесена откако Киев одбил да преговара со Москва.

Се наведува дека Путин наредил прекин на операциите во петокот, бидејќи се очекувало двете страни да седнат на преговарачка маса.

Меѓутоа, откако украинското раководство ги отфрли преговорите, Путин во саботата попладне нареди операцијата да продолжи.
– Вчера попладне, во очекување на преговори со украинското раководство, рускиот претседател и врховниот командант наредија прекин на напредувањето на главните сили на руските трупи – рече Песков.

Како што посочува, преговори не се одржале.

– Бидејќи украинската страна одби да преговара, напредувањето на главните руски сили продолжи попладнево во согласност со оперативниот план – изјави портпаролот.
Песков објасни дека запирањето не доведе до ќор-сокак во борбата, додека непријателствата продолжија на неколку локации.

Тој рече дека имало судири со мобилните единици на националистите, кои запалиле возила и камиони и поставиле експлозиви.

„Тие работат на принципот на џихад, кои сега ги нарекуваме Бандерити“, рече Песков, алудирајќи на Степан Бандер, украински националистички лидер од Втората светска војна и нацистички соработник чии следбеници истребија десетици илјади Полјаци, Евреи и војници на Црвената армија за време на војната.

Актуелните украински власти го прогласија Бандера за херој.

Портпаролот на Кремљ се осврна и на санкциите што Западот ги воведе кон Русија, велејќи дека санкциите се многу сериозни, но дека Русија се подготвила за нив уште порано.

– Санкциите се многу сериозни, но и ние сериозно се подготвуваме – рече Песков.

Извор: telegraf.rs