Украинскиот војник, маринецот Виталиј Владимирович Скакун, загина откако кренал во воздух мост за да спречи продирање на руска тенковска колона.
Младиот украински маринец бил убиен веднаш откако успешно минирал мост, што значително ги забавило руските војници.
„Виталиј Владимирович Скакун, инженер на посебен баталјон и маринец, доброволно се пријавил да ја изврши оваа задача. Мостот бил успешно миниран, но Виталиј немал време да излезе од местото. Според неговите браќа, тој се јавил и рекол дека го крева мостот во воздух. Веднаш се слушна експлозија. Нашиот брат загина. Неговотот херојство значително го забави напредувањето на непријателот, што и овозможи на единицата повторно да се распореди и да ја организира одбраната“, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили. .
🇺🇦Bridge on a highway near Kyiv was blown up by #Ukraine forces as Russian forces have launched an offensive towards the capital. pic.twitter.com/tzYGCNsX1a
— Ukraine News 🇺🇦 (@UkraineNews0) February 25, 2022