Кира Рудик, член на украинскиот парламент, пред само неколку дена беше окупирана со секојдневниот живот, но потоа се се смени.
„И тогаш еден ден само знаете дека доаѓаат.И тогаш треба да направите нешто. А потоа добиваш пиштол и потоа учиш да пукаш“,“, изјави Рудик за Си-Ен-Ен од Киев.
Синоќа Рудик на Твитер објави фотографија на која држи калашников, со порака:
I learn to use #Kalashnikov and prepare to bear arms. It sounds surreal as just a few days ago it would never come to my mind. Our #women will protect our soil the same way as our #men. Go #Ukraine! 🇺🇦 pic.twitter.com/UbF4JRGlcy
— Kira Rudik (@kiraincongress) February 25, 2022
„Нашите жени ќе ја заштитат нашата почва на ист начин како и нашите мажи. За мене беше чудно и лудо да сфатам дека држам оружје и дека сум подготвена да го носам и да одам да пукам во други човечки суштества. Причината за оваа промена е затоа што руските војници доаѓаат во Киев, а руските војници се обидуваат да го земат она што навистина не е нивно“, изјави таа за Си-Ен-Ен.
We will fire guns if we have to. To protect what we love 💕, to protect our soil, to protect our country 🇺🇦. Go #Ukraine! @BBCWorld pic.twitter.com/wg1mwsercY
— Kira Rudik (@kiraincongress) February 25, 2022
Таа и нејзиното семејство сега се кријат во засолништето додека борбите продолжуваат.
„Путин ја потцени подготвеноста и духот на нашата армија, нашите војници даваат навистина силен отпор. Луѓето се вооружуваат. Луѓето се борат против нив за секоја педа од нашата почва. Не заминуваме затоа што ова е наш град. Ова е нашата држава“, заклучи таа.
Извор: Н1
Фото: Твитер