Бебе се роди среде воздушните напади на украинската престолнина Киев. Бебето се роди во метрото во Киев, каде граѓаните се криеја во страв од руски проектили.
Според Би-Би-Си, возовите кои не сообраќаат се отворени за сите луѓе кои сакаат да се засолнат таму, па таму била и една трудница. Отворена група на Телеграм објави како се породила мајката а објавена е и слика од бебето.
Гардијан објави дека бебето и нејзината 23-годишна мајка се пренесени во болница и се во добра состојба.
Велат и дека бебето се вика Миа и дека и помогнале да се породи полицајци кои слушнале врисоци, а кога се приближиле нашле жена која штотуку имала породилни болки.
Фото: Твитер