Украина во последните неколку часа се искачи на второто место на обложувалници за победник на Евровизија.
Претставниците на Украина ги зголемија своите шанси за победа со зголемување на бројот на облози за неколку часа, кои велат дека би можеле да победат. Ова се податоците од букмејкерот на веб-страницата Eurovisionworld.com, каде во име на претставниците на Украина стојат сини и жолти срца во поддршка на народот на Украина.
Украина на Евровизија ја испраќа второпласирана песна од националниот избори, бидејќи победничката Алина Паш на својот Инстаграм објави дека се повлекува.
Оркестарот Калуш со песна по име „Стефанија“ ќе настапи во Торино. Станува збор за песна која комбинира традиционално пеење и инструменти со модерен рап, а е посветена на мајките.


