УХМР најавува промена во временската прогноза. Денес ќе биде сончево, попладне облачноста ќе се зголеми, ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, со снег на повисоките места. Ќе дува и ветер. Максималната температури ќе достигне до 15 степени.
Во Скопје ќе биде сончево, попладне ќе има врнежи од дожд и температури до 13 степени.
Од УХМР велат дека ваквото време ќе продолжи и утре. До понеделник снежната покривка на планините ќе се зголеми, некаде ќе наврнат и над 20 см нов снег.
Во понеделник на места ќе провејува снег со послаб интензитет. До среда ќе дува ветер, а температурата ќе биде ниска.