Поради притисок од државите ЕБУ ја исфрли Русија од Евровизија – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/22 7:44 PM

Поради притисок од државите ЕБУ ја исфрли Русија од Евровизија

Организаторите на Евровизија одлучи дека Русија нема да се натпреварува на овогодинешниот настан во Торино.

На официјалната страна на Евросонг е објавено соопштение во кое ги објаснуваат причините за ваквата одлука.

Поради големата осуда на Норвешка, Финска и Естонија кои бараа Русија да биде исклучена од натпреварот, ЕБУ (Европската радиодифузна унија) донесе одлука со која ги поништи нивните претходни изјави дека Русија ќе се натпреварува на Евровизија, се вели во соопштението..

– Оваа одлука ја одразува загриженоста дека вклучувањето на Русија во овогодинешното натпреварување ќе доведе до ескалација на конфликтот. Пред да донесе одлука, ЕБУ ги консултираше сите свои членови.

– Остануваме верни на нашата цел да ги заштитиме културните вредности кои промовираат размена на разбирање и ја обединуваат публиката од сите делови на Европа и ја слават различноста преку музиката – се вели меѓу другото во соопштението.

Фото: eurovision.tv

Иако неодамна од ЕБУ рекоа дека Русија нема да биде исклучена од натпреварот, со оглед на тоа што Евровизија е аполитичен, културен настан, сепак,  многу европски земји се загрижени за нападот врз Украина, и затоа сметаат дека е најдобро да се исклучи Русија.

Русија се уште не го избрала својот претставник, а сега веќе нема ниту да го одбере.

Украина, пак, прво ја одбра Алина Паш, но ја повлече поради информацијата дека таа го посетила Крим, кој во 2015 година беше окупиран од Русија. Паш беше избран да ја претставува Украина на натпреварот со песната „Сенки на странски предци“.

Украинската телевизија UA: PBC, одлучи да ги претставува второпласираната песна „Стефанија“, во изведба на оркестарот Калуш.

Оркестарот Калуш беше втор на украинските избори. Публиката им даде максимален број поени, а жирито ги стави на третото место.