11 годишната Катерина Рујковска од Гевгелија, која има оштетен вид следниот месец треба да замине на операција во Специјалната Болница „Свети Вид“ во Белград. На Рујковска закажан и е посебен хирушни зафат, за пресадување на рожница.
За операцијата, пресадување на рожница потребни се 5000 илјади евра кои родителите не можат да и ги обезбедат. Па затоа семејството Рујковски ги повикуваат сите хумани граѓани да им помогнат, за малата Катерина да може да замине на операција во Белград.
Хуманитарната сметка на која може да донирате за Катерина Рујковска е следна:
300101000001937.