Водењето љубов е навистина вистинско задоволство. И тешко дека нешто може да го замени. Што, се разбира, не значи дека нема работи кои предизвикуваат да се чувствуваме задоволни. На пример, слушањето музика е секако една од нив. Многумина дури сакаат да ги комбинираат овие две активности. Ова дури стана вообичаена практика за некои парови, па луѓето почнаа да создаваат специјални компилации на песни токму за таа пригода.
Слушањето музика го намалува стресот, а стресот е нашиот голем непријател во кревет. Тоа може да не спречи доволно да се возбудиме и воопшто да имаме сексуални односи. Музиката, од друга страна, може да ни помогне да се опуштиме и да заборавиме на проблемите кои ни ги окупираат мислите и ги саботираат интимните моменти со партнерот.
Кога се пуштаат песни кои ги сакаат и двајцата партнери истовремено ги обзема чувството на задоволство и меѓу нив се создава многу подлабока врска, отколку кога водат љубов во тишина. Секој следен пат кога ќе ја слушаат истата музика, ќе се сеќаваат на моментите во кревет со саканиот и повторно ќе чувствуваат одлична поврзаност. Ритамот на музиката може да влијае на ритамот на вашите движења во кревет. За целосно задоволување на двајцата партнери при сексуалниот чин, потребно е тие да се движат во ист ритам, што не е тешка задача доколку во позадина се слуша соодветна музика од сензуални тонови и пулсирачки ритам.
извор: espreso.co.rs