Ангела Меркел: Руската агресивна војна е пресвртница во историјата на Европа – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/22 1:19 PM

Ангела Меркел: Руската агресивна војна е пресвртница во историјата на Европа

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, остро го осуди рускиот напад врз Украина  и оцени дека тоа е „очигледно кршење на меѓународното право“ и „војна за агресија“.

„Оваа агресивна војна на Русија  означува длабока пресвртна точка во историјата на Европа по крајот на Студената војна“, изјави Меркел за германската агенција ДПА.

„Нема апсолутно никакво оправдување за ова еклатантно прекршување на меѓународното право, и го осудувам со најсилни можни зборови“, изјави Меркел.

„Моите мисли и мојата солидарност е со украинскиот народ и со владата предводена од претседателот Володимир Зеленски во овие страшни часови и денови“, рече Меркел, изразувајќи „целосна поддршка“ за напорите на ЕУ, НАТО, ОН и Г7 да и стават крај на војната, објави Дојче веле.

foto-arhiva