„Оди бе легни си“, му порача Апасиев на Османи, а не го одмина ни Заев – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/22 10:52 AM

„Оди бе легни си“, му порача Апасиев на Османи, а не го одмина ни Заев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вообичаено вчера беше активен на социјалните мрежи со коментари во свој стил.

Тој синоќа на полноќ на Твитер му се обрати на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој вчера преку МНР поради војната во Украина на јавноста се обрати околу дестина соопштенија.

-Оди бе легни си, напиша Апасиев, а твитот го надополни со хаштах „мавровски работници“.

Апасиев вчера беше активен и на Фејсбук.

-Овие што чкртаа по грбовите на мавровските работници да ти биле најголеми пацифисти, напиша тој на својот профил на Фејсбук.

Тој не ја пропушти шансата и да му се обрати на поранешниот премиер Заев, па искоментира на видеото на украинскиот премиер Зеленски, кој во видео порака кажа дека ЕУ лидерите ги оставиле сами и дека НАТО се плаши да ја прими Украина.

-Заев, ти ли си, напиша Апасиев.