(Видео) Русите: „Предадете се, ќе ве бомбардираме“, Украинците: „Еб… се!“ – Убиени сите војници кои го чувале Змиски остров на Црно море – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/22 10:29 AM

(Видео) Русите: „Предадете се, ќе ве бомбардираме“, Украинците: „Еб… се!“ – Убиени сите војници кои го чувале Змиски остров на Црно море

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека се убиени сите војници кои го чувале Змискиот остров на Црното Море.

„Секој војник кој го чуваше Змискиот остров на Црното Море загина“, рече украинскиот претседател, додавајќи дека постхумно ќе им оддаде почит на жртвите.

Тој исто така рече дека 137 украински граѓани, војници и цивили загинале на првиот ден од рускиот напад. Најмалку 316 лица се повредени.

Во врска со Змискиот остров, објавена е радио комуникација меѓу командантите на руските и украинските сили.

На снимката прво се слуша припадник на руската армија:

„Ве повикувам од руски воен брод. Ви предлагам да го оставите оружјето, да се предадете и на тој начин да избегнете крвопролевање и непотребни жртви. Доколку не се согласувате, ќе ве бомбардираме“, се вели.

Украинците потоа одговараат кратко и јасно: „Еб… се“.

Зеленски претходно потпиша документ со кој наредува мобилизација на сите регрути во сите украински региони. На социјалните мрежи се шират видеа на кои наводно се гледаат Украинците во редовите за одење во војна.

Во телевизиско обраќање тој рече дека е разочаран по разговорите со западните лидери: „Не гледам некој да се бори со Украина“.

Тој исто така рече дека верува оти руските диверзантски единици влегле во главниот град на Украина Киев. Во видео изјава доцна во четвртокот, Зеленски рече: „Според нашите информации, непријателот ме идентификуваше како цел број 1, моето семејство како цел број 2. Тие сакаат политички да ја уништат Украина со уништување на шефот на државата. Имаме информации дека непријателските диверзантски единици влегоа во Киев“.

извор: Nova.rs

фото: принтскрин од Јутјуб