Украина молскавично се искачува на букмејкерите за Евровизија и моментално е на второто место.
Песната Стефанија, со која Украина ќе ја претставува својата земја на Евровизија годинава, е комбинација на традиционална песна и инструменти со модерен рап, а е посветена на мајките.
Имено, украинските претставници си ги зголемија шансите за победа со последните случувања во земјата, откако многумина во последните денови типуваат на нивна победа во Торино. На обложувалниците до името на Украина, до изведувачот и името на песната има сино-жолто срце за поддршка на Украина и на Украинците.
Пејачката Алина Паш (28) првенствено беше избрана за претставничка на Украина за Евровизија 2022 година во Торино, но таа мораше да се повлече од натпреварот откако беше подложена на темелно испитување поради извештаите дека го посетила Крим, кој е под Русија од 2015 година. Таа беше избрана да ја претставува Украина на натпреварот со песната „Сенки на странски предци“.
После тоа, украинската телевизија UA: PBC, избра нова песна со име „Стефанија“, во изведба на оркестарот Калуш.
Оркестарот Калуш беше втор на украинската верзија на Дора Видбир. Иако публиката им даде максимален број поени, жирито ги стави на третото место. Песната „Стефанија“ комбинира традиционално пеење и инструменти со модерен рап, а е посветена на мајките.
Инаку, украинската државна телевизија, UA: PBC, ја повика Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организира натпреварот, да ја суспендира Русија и да и забрани учество на овогодинешниот натпревар.
извор и фото: 24 sata.hr