Познатиот режисер Емир Кустурица ја прифатил понудата на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, да ја преземе функцијата генерален директор на Централниот театар на руската армија, соопшти портпаролката на Министерството за одбрана на Русија, Росиана Марковска.
Според неа, Шојгу се сретнал со Кустурица во понеделникот.
„ Министерот ги посочи долгогодишните пријателски односи со Кустурица, неговиот талент и големата работа што доаѓа од срце. Нагласувајќи ја улогата на Кустурица во зачувувањето и развојот на најдобрите традиции на руската култура, Шојгу му ја понуди функцијата главен директор на Централниот академски Театар на руската армија – рече Марковска.
Таа додаде дека режисерот изразил надеж дека „ќе биде успешна работа“ и нагласи дека „во свет во кој вредностите многу брзо се менуваат“, ќе се обиде да ги задржи класичните вредности.
foto-zusskymir.ru