„Не сакаме да играме во Русија“-Фудбалските сојузи на Полска, Чешка и Шведска со писмо до ФИФА – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/22 9:07 AM

„Не сакаме да играме во Русија“-Фудбалските сојузи на Полска, Чешка и Шведска со писмо до ФИФА

Во заедничко писмо до ФИФА,  Фудбалските сојузи на Полска, Чешка и Шведска побарале  натпреварите во баражот за пласман на Светското првенство да не се играат на територијата на Русија.

Во писмото се додава дека тие немаат намера да патуваат во Русија и се надеваат дека ФИФА ќе понуди решение .

Русија треба да ја пречека Полска на 24.март, а Шведска ќе игра против Чешка. Доколку Русија ја победи Полска, во финалето ќе го пречека победникот од дуелот Шведска и Чешка.

топспорт.мк