Од понеделник пренасочување на сообраќајот на патот Градско – Прилеп – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/22 8:17 AM

Од понеделник пренасочување на сообраќајот на патот Градско – Прилеп

Поради почнување со градежни активности во врска со проект Рехабилитација на државен пат крак А1, делница Фариш-Прилеп, од понеделник ќе биде воведена времена измена на режим на сообраќај на патот Градско – Прилеп, поточно после мостот на река Раец кон Плетвар, информира АМСМ, по известување од изведувачот ”Стентон градба ДОО”.
Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

Изменетиот сообраќаен режим ќе трае во наредните 12 месеци.