Музичарот, продуцент, композитор и основач на поп групата „ABBA“, Бјорн Улвеус се разведува од втората сопруга Лена Улвеус по четири децении љубов.
– По многу прекрасни и значајни години, решивме да тргнеме по одделни патишта – објави парот во средата преку портпаролот на Улвеаус.
Во соопштението се вели дека сакаат да останат блиски пријатели и да продолжат заедно да ги слават родендените на нивните внуци и другите семејни настани.
Бјорн Улвеус е еден од четворицата членови на легендарната шведска поп група АББА. На врвот на славата на АББА во 1970-тите, Улвеус беше во брак неколку години со колешката од бендот Агнет Фелцки со која има син и ќерка.
Набргу откако се разведоа, тој ја запозна Лена Калерсјо, со која се ожени во 1981 година. Од бракот со Лена има две ќерки.
Извор: Телеграф.рс
Фото: Профимедиа