Питер Динклиџ и неговата сопруга Ерика Шмит се во брак од 2005 година и имаат две деца заедно, но нивните имиња, како и полот на другото дете се непознати за јавноста.
Актерот Питер Динклиџ, најпознат по улогата на Тајрон Ланистер во серијата „Игра на тронови“, моментално го промовира својот нов филм „Сирано“ во кој ја игра главната улога.
Сценарист на филмот е неговата сопруга Ерика Шмит, а парот се појави заедно на премиерата во Њујорк, каде што го украдоа целото внимание.
Питер, кој е висок само 132 сантиметри, за оваа пригода облече сино одело, додека Ерика избра елегантен црн кадифен фустан.
Поради разликата во висината, овој пар никаде не останува незабележан, туку со својата љубов ги крши сите предрасуди. Парот изгледа заљубено како и првиот ден, а успешно функционираат и како соработници.
“Пит е неверојатно убав, шармантен и духовит, но кога пишуваат за него, сите се изненадени поради неговата висина. Но, тоа е Пит”, изјавила сопругата на актерот за магазинот „Rolling Stone“ во 2012 година.
Интересно е што многу малку се знае за нивниот приватен живот. Познато е дека тие имаат две деца и дека добија ќерка во 2011 година, но нејзиното име, како и полот на второто дете родено во 2017 година е непознато за јавноста.
Извор: Стил.курир.рс
Фото: Профимедиа