Руските сили ја зазедоа АЕЦ Чернобил – Бранителите ги даваат своите животи да не се повтори 1986 година – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/22 7:32 PM

Руските сили ја зазедоа АЕЦ Чернобил – Бранителите ги даваат своите животи да не се повтори 1986 година

Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа во Чернобил, изјави советник од украинскиот претседателски кабинет.

„Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна по тотално бесмислен напад од Русите“, нагласи советникот Микаил Подолиак.

„Ова е една од најсериозните закани во Европа денес“.

„Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат АЕЦ Чорнобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Тоа го објави денеска украинскиот претседтел Володомир Зеленски на Твитер, нагласувајќи дека таква порака му пратил на шведскиот премиер.

„Ова е објава на војна против цела Европа“, наведе Зеленски.

МИА