(Видео) „Ова не е почеток, туку крај на војната“, рече Захарова, портпаролката на руското МНР – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/22 4:23 PM

(Видео) „Ова не е почеток, туку крај на војната“, рече Захарова, портпаролката на руското МНР

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави за НТВ дека руската специјална операција во Донбас не е почеток на војна, туку спречување на глобална војна.

Според Захарова, руската специјална операција во Донбас има за цел да спречи глобална конфронтација и да стави крај на непријателствата во источна Украина.

„Ова не е почеток на војната, како прво. Ова е многу важно. Нашата желба е да го спречиме развојот на настаните кои би можеле да прераснат во глобална војна. И второ, ова е крајот на војната, изјави меѓу другото таа за каналот НТВ.

Претставникот на МНР потсети дека крвавата пресметка на истокот на Украина траела осум години. Згора на тоа, војната се водела на повеќе нивоа, вклучувајќи санкции, информативни и психолошки.

Извор: www.ntv.ru