Фото детали од посетата на Меркел – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/18 1:35 PM

Фото детали од посетата на Меркел

Со свечен израз на лицето и длабок почит за најмоќната жена во светската политика, премиерот Зоран Заев ја дочека германската канцеларка Ангела Меркел. На цевениот тепих, Меркел дојде од славниот Мерцедес, за чија набавка, поранешниот премиер Никола Груевски има неправосилна пресуда со казна затвор. Мерцедесот е ист, само во меѓувреме добил нови регистерски таблички. Освен за поддршката за референдумот, Ангела Маркел дојде во Скопје да разговара и за македонската економија. Германија останува најголемиот трговски партнер со учество од 47% во нашиот извоз.