Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.818 тестови, а регистрирани се 631 нов случаj со коид-19, има шест починати и 910 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 631, од Скопје се 337, Велес 45, Битола 32, Куманово 30, Кавадарци 26, Прилеп 24, Тетово и Охрид по 18, Струмица 17, Кичево 15, Гостивар 8, Неготино и Дебар по 7, Гевгелија, Ресен и Крива Паланка по 6, Штип и Делчево по 5, Кочани, Струга и Радовиш по 3, Пробиштип и Богданци по 2 и Свети Николе, Виница, Кратово, Македоснки Брод, Македонска Каменица и Пехчево по 1.
Од сите заболени, 102 се реинфекции.
Регистрирани сe 910 оздравени пациенти, од: Скопје 504, Битола 43, Куманово, Кавадарци и Велес по 37, Прилеп 28, Тетово 27, Охрид 21, Струмица и Струга по 18, Кичево и Гевгелија по 16, Гостивар 15, Радовиш 13, Штип 12, Свети Николе 11, Неготино 10, Ресен 8, Валандово 6, Кочани и Берово по 5, Виница 4, Крива Паланка и Богданци по 3, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар по 2 и Пробиштип, Крушево, Демир Капија, Пехчево и Дојран по 1.
Починале шест лица, од кои две од Скопје (75г и 91г) и по едно од Куманово (81г), Кавадарци (70г), Струга (81г) и Прилеп (67г), сите во болнички услови.
Со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени четири починати од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1). Тие биле на возраст од 74г. до 92г. Лицата се пријавени во период од 15.02. до 21.02.2022. Од нив, 3 починале во домашни услови, а едно лице во болнички. Кај седум лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.880.891 тестирања, вкупниот број на дијагностицирани од почетокот на епидемијата е 295.712, на оздравени пациенти е 281.582, на починати изнесува 8.968, а на активни случаи изнесува 5.162.
Објавено на: 02/24/22 3:19 PM