„Хана ќе ми се налути ама заљубена е во Петар уште од мала“ – Тончи Хуљиќ ја откри тајната на ќерка си – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/22 2:56 PM

„Хана ќе ми се налути ама заљубена е во Петар уште од мала“ – Тончи Хуљиќ ја откри тајната на ќерка си

Тончи и Вјекослава, родителите на Хана, долго време негувале посебни симпатии кон Петар. Веднашп по свадбата, која се случи во саботата, тие отворија душа и прозбореа.
“Хана ќе ми се налути што го кажувам ова. Таа беше заљубена во Петар уште кога беше мала, бидејќи тој постојано беше во нашата куќа. Нејзината желба беше да соработуваат, а тоа го направија во песна”, откри Тончи за порталот Експрес.

Неговата сопруга Вјекослава додаде:

“Тоа е нешто прекрасно! Уште не можам да си дојдам на себе. Така е кога животот ти остава завиткани подароци со панделка и одвреме навреме наоѓаш пакетче, го отвораш и наоѓаш некое изненадување. Ова беше најубавото. “ изјави Вјекослава за бременоста на Хана за РТЛ.

Петар Грашо откри, пак,  дека љубовната стрела повторно го погодила.

„Љубовта се случи. Љубовта треба да се случи, не треба да се планира, не треба да се зборува премногу за љубовта. Ова се некои работи кои човек треба да ги негува во себе, не треба да се фали со тоа… Јас ќе бидам татко , но ќе се обидам да си ја задржам приватноста бидејќи сакам луѓето да размислуваат за песната, а не за мојата спална соба“, изјави Грашо за емисијата „Премиера – Викенд Специјал“.