Околу 80 отсто од инвалидните лица се вработени, се спремаат уште подобри законски решенија – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/22 2:25 PM

Околу 80 отсто од инвалидните лица се вработени, се спремаат уште подобри законски решенија

Според сегашното законско решение, инклузијата на лицата со попреченост е на задоволително ниво, околу 80 отсто од нив се вработени, што значи дека, бенефициите при вклучувањето на лицата со инвалидитет во работниот процес даваат резултати и за фирмите и за лицата со попреченост.

Ова беше посочено денеска на средбата на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со Заедницата на заштитни друштва ЗАПОВИМ, на која се разговараше за нацрт-верзијата на Предлог законот за вработување на инвалидни лица.

Тренчевска посочила дека текстот на законот не е конечен и во неговата подготовка ќе бидат вклучени и релевантни организации, партнери на МТСП, а ќе биде организирана и јавна расправа.
-Лицата со попреченост и нивната вработливост ќе ја добијат централната улога, бидејќи ќе бидат понудени најсоодветните решенија за нивно вадење од системот на социјална заштита. Целта ни е овие лица да ги извадиме на пазарот на трудот за полесно да може да се интегрираат во заедницата. Само со лица оспособени за работа, ќе се зголеми продуктивноста и на заштитните друштва. Во новото законско решение ќе биде вклучена и професионалната рехабилитација на лицата со попреченост за да создадеме широк дијазапон на вработлива структура, нагласи таа.