Украинци со своите мали деца пешачат кон границата со Полска, руските сили се пробиваат кон Киев – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/22 2:06 PM

Украинци со своите мали деца пешачат кон границата со Полска, руските сили се пробиваат кон Киев

Украинците, кои бегаат од руската инвазија, пристигнуваат во Полска заедно со деца и со куфери. Вообичаено мирниот граничен премин Медику, сега го преминаа неколку десетици граѓани.

Полски официјални лица изјавија дека засега нема поголем бегалски бран, но според локалните медиуми, како и очевидци, расте бројот на лица кои стигнуваат пеш.

Триесет и четиригодишниот Александар Бажанов побегнал од својот дом во источна Украина, заедно со сопругата и со малото дете. Со себе понеле само тоа што можеле да го носат, па пешачеле кон Полска.

Тој одлучил да тргне за Полска кога од колеги дознал дека војната почнала.

– Не чувствувам ништо друго, освен голем страв, појасни Бажанов на граничниот премин, околу 400 километри од Варшава.

Тој сака да го посети својот татко во Шпанија, но нема пари и не знае како ќе го направи замисленото.

Руските сили денеска почнаа инвазија врз Украина, откако претседателот Владимир Путин го одобри тоа. Тој го нарече посебна воена операција на источниот дел од земјата.

Средноевропските земји, што ја делат границата со Украина, веќе со недели се припремаа за очекуваниот бегалски бран.

Граничниот премин Медика, најчесто се користи за прекугранично пазарање или за одење на работа.

– Сите мислеа дека западна Украина е сигурна, бидејќи е многу блиску до земји во ЕУ и НАТО, изјави 44-годишната Марија Палис, која пристигна со своето, како и семејството на нејзиниот брат.

Руските сили се пробија во северниот дел на регионот Киев, соопштија украинските погранични сили, извршувајќи напад со проектили „Град” врз владините позиции.

Западни медиуми во северниот дел на главниот град на Украина регистрирале хеликоптери кои летаат кон градот, по извештаите дека аеродромот е нападнат.

Патиштата надвор од Киев денеска се заглавени со сообраќај, бидејќи луѓето се обидуваат да го напуштат градот по руската инвазија.

Извештаите сугерираат дека руските тенкови напредуваат кон Киев од Белорусија, границата е на два часа возење.

Неколку експлозии се слушнаа во украинскиот главен град Киев, јавија западни медиуми. Експлозии се регистрирани и во украинскиот град Харков.

Украинските власти потврдија дека голема воздушна операција од руските сили е преземена со хеликоптери Ми-8 и авиони Антонов врз меѓународниот карго аеродром во Гостомел.Градот е во Киевската област.

МИА

фото: bbc.co.uk